Loading Video...
Фудбал
14. May 2020 - 19:57

ФФМ: Во понеделник ќе донесеме одлука за тековната сезона

25-ти Мај е последниот рок за конечниот став на ФФМ за тековната натпреварувачка сезона. Од тие причини за понеделник е закажан состав со претставниците на клубовите од Првата МФЛ. 
ФФМ веќе неколку патииспрати допис до Министерството за здравство со цел да добие конечен датум околу евентуалното продолжување на домашното фудбалско првенство. 
Натпреварувачката комисија при федерацијата ги следи препораките на епидемиолозите и поради Вонредната состојба не беше во можност да донесе одлука околу почнувањето на тренинзите на екипите и конечниот датум за рестарт на прекинатата сезона објавија на сајтот на ФФМ.  
Надлежните  се свесни дека се пробиваат и последните рокови за  доигрувањето на сезоната: 
„За Фудбалската федерација на Македонија здравјето на фудбалерите и фудбалските работници е на прво место и тоа е единствениот предуслов во подготовката за враќање на тренинзите на екипите од ПМФЛ и продолжување на националното првенството. Нашата „Куќа на фудбалот“ сите препораки и мерки ги услогласува во соработка со координативниот кризен штаб за обезбедување целосна координација во врска со спречување на внесување и ширење на коронавирус ковид-19“, изјавија од ФФМ , од каде очекуваат појасна ситуација до понеделник и  и заедно со клубовите ќе се донесе  заеднички став рестарт или прекин на  натпреварувачката сезона 2019/20.