Фудбал
1. јуни 2017 - 16:54

ФФМ: Распоред на бараж средбите во сите лиги

Во „Куќа на фудбалот“ денеска одделот за натпреварување и одделот за безбедност и интегритет одржа работен состанок со претставниците на клубовите кои од 4. до 10. јуни ќе играат бараж натпревари за влез/опстанок во повисок ранг во МФЛ.
 
На клубовите им беше укажано да се почитуваат пропозициите во соодветните натпреварувања, да преземат неопходни мерки за безбедно одигрување на бараж натпреварите и повторно беше упатен повик за почитување на фер плеј одредбите. 
 
Шкупи и Новаци ќе одиграат два бараж натпревари за место во Прва МФЛ. Првиот дуел се игра на 4. јуни со почеток во 17:00 часот, додека возвратната пресметка е закажана на 7. Јуни во 17:00 часот. Двата натпревари се играат на Градскиот стадион во Штип.
 
Гоблен – Зајази, Лабуништа – Зајази и Лабуништа – Гоблен ќе ги одиграат натпреварите на на 4. јуни со почеток во 17:00 часот и на 7. Јуни во 17:00 часот. Две од трите екипи ќе обезбедат место во Втора МФЛ – запад.
 
Натпреварот Превалец – Каменица Саса се игра на 4. јуни во 17:00 часот на Градскиот стадион во Кочани. Победникот обезбедува место во Втора МФЛ – исток.