Loading Video...
Фудбал
18. јуни 2019 - 18:16

ФФМ организираше комеморација во чест на Слободан Вујчиќ – Брацо

Денеска во организација на ФФМ во х. „Континентал“ беше одржана комеморација за  Слободан Вујчиќ – Брацо кој почина на 15. јуни на 70.годишна возраст. 
 
На комеморација бројни спортски пред се фудбалски работници говореа за улогата која Вујчиќ ја имаше во македонскиот спорт пред се фудбалот. 
 
Слободан Вујчиќ – Брацо во изминативе 20-тина години беше спонзор на голем број клубови. Со Вујчиќ како главен спонзор, Вардар во 2003 година беше на чекор до влез во групната фаза од Лигата на шампиони. Освен во Вардар, тој помагаше и во клубовите на Цементарница, Македонија ЃП, Работнички, Тетекс, Слога Југомагнат, Еуромилк, Локомотива…
 
Како претставник на УФА Медиа, а потоа и на СВ-РСА и на Спорт 5, беше застапник на ТВ права на многу мечеви кои ги играа нашите клубови.
 
Забележлива беше неговата помош и во ракометниот и во одбојкарскиот клуб Вардар. Од првиот натпревар на фудбалската репрезентација на Македонија во Крањ 1993 година ги застапуваше маркетиншките и телевизиските права, а 2004 година ја донираше целокупната опрема на македонските олимпијци на игрите во Атина 2004 година.