Македонија
12. јуни 2021 - 13:17

ФФМ нема обврска да се прилагоди на Преспанскиот договори, вели Османи

Вчера Грција реагираше поради амблемот, кратенката ФФМ која стои на македонскиот дрес и поради истата се жали до првите луѓе на УЕФА.

Утре македонската А репрезентација ќе го игра првиот натпревар на Европското првенство, нејзино прво во својата фудбалска историја.
 
За истиот приговор, односно допис бил испратен и до Министерот за надворешни работи, Бујар Османи кој денеска на прес конференција даде одговор околу оваа тема:

– Фудбалската федерација на Македонија е независна и непрофитна организација која што во Централниот регистар е регистрирана како здружение кое што не прима државни пари. Согласно Преспанскиот договор, прашањето на името е за институции, организации, здруженија кои што примаат државни пари. Сè додека не прима државни пари, ФФМ нема обврска да се прилагоди според Договорот од Преспа.

Трговските марки во Договорот се дефинирани: кодот е МК, МКД. Некои реагираат зошто не е НМ, НМК, но тој код е само за регистарските таблички, според Договорот од Преспа – се зборовите на Османи.