Loading Video...
Фудбал
9. December 2018 - 19:48

ФФМ направи статутарни измени пред изборот на нов претседател

Фудбалската федерација на Македонија денеска во Охрид го одржа Вонредното Генерално Собрание. На Вонредното Генерално Собрание на ФФМ беа усвоени измените и дополнувањата на Статутот на ФФМ. 

На собранието направени се измени во  статутот во делот кој  се однесува на критериумите, постапката и начинот за кандидирање и избор на претседател на федерацијата.

Основната промена е направена  во член 91  Со што  кандидатот за претседател може и не мора да биде од редот на делегатите на Собранието.

Кандидатот за претседател во годината кога му завршува  мандатот, не смее да ја надмине  возраста определена како највисока согласно позитивните законски прописи кои го уредуваат и регулираат правото на остварување на старосна пензија.

 Во делот кој  ги утврдува условите кои кандидатот треба да ги исполнува овозможено е да се кандидира и кандидат кој претходно активно учествувал во активностите на фудбалската организација во целина.

Како основно правило уредено е дека собранието одлуките ги носи со мнозинство од присутните делегати.