Loading Video...
Фудбал
30. May 2021 - 19:51

ФФМ: Македонија на ЕП ќе игра во црвено-жолтите дресови

Македонската фудбалска репрезентација  задутре во Скопје го игра првиот контролен дуел за ЕП. Гостува селекцијата на Словенија.  На националниот тим на вечерниот тренинг му се приклучи и капитенот Горан Пандев.  Добра вест е што се враќа црвено-жолтиот дрес со кој Македонија настапува веќе три децении.
По реакциите на јавноста за изгледот на новиот репреентативен дрес, првиот човек на ФФМ Муамед Сејдини денеска  преку соопштение потврди дека македонската фудбалска репрезентација на ЕП ќе настапи во старите дресови со црвено-жолта боја. 
Репрезентативниот дрес беше подготвен со голема радост на барање на фудбалерите, за жал техничката поддршка во однос на бојата на дресот не е во согласност со барањата на ФФМ.
 
Како претседател на федерацијата ја преземам мојата одговорност за евентуални последици и најавувам дека на Европското првенство ќе играме со досегашните дресови.
 
 Поради реакциите од бојата на дресот, ние како Фудбалска федерација на Македонија пративме допис до УЕФА со кој бараме натпреварите од Европското првенство да ги одиграме со актуелните дресови. Се надевам дека УЕФА ќе има разбирање за нашето барање и ќе излезе во пресрет на истото.
  
Ве повикувам со добра мисла да ги испратиме нашите херои на Европското првенство. Навивачкиот дух да им биде ветер во грб“.
 
Вели во соопштението претседателот Муамед Сејдини демантирајќи дека влијаел врз креирањето на дресот со боја на трула вишна кој јавноста и навивачите воопшто не сакаа да го прифатат и дури подготвија петиција за враќање на дресот со традиционалните црвено-жолти бои.