Фудбал
12. May 2017 - 20:37

ФФМ го провоцира ФК Силекс, по вторпат го делегира Јакимовски

Дејан Јакимовски - судијата кој го „зацрни“ Силекс во претходното коло судејќи непрофесионално и крајно калкулантски на мечот со Работнички, викендов, види чудо, повторно е делегиран на средба на Силекс. Јакимовски е одреден да го суди дуелот Ренова - Силекс во недела, меч кој е од извонредно значење за домаќините, но и за гостите, ако се земе предвид дека кратовци сеуште не се исфрлени од борбата за евровиза. 
 
Да потсетиме, Јакимовски е арбитарот кој го масакрираше Силекс на дуелот со Работнички, човекот кој додели неоправдано црвен картон на паузата од полувремето на Игор Недељковиќ поради наводно пцуење што никој не го слушнал. Ако на македонските фудбалски стадиони се исклучуваше за пцуење, ретко кој дуел ќе завршел без 4-5 исклучувања.
 
Јакимовски во вториот дел поништи гол на Силекс поради наводен офсајд, кој ниту камерите не можат да го докажат дека постоел. Но, Деки е судија со значка на ФИФА, судија со „авторитет“, судија кој си замислува дека на македонските ораници треба да суди по строгите прописи на ФИФА, како да суди дерби меѓу Реал и Јувентус.
 
Не постои друго објаснување, освен дека Дејан Јакимовски повторно е испратен по нарачка да го суди ова дерби, и не може да се сфати овој потег никако поинаку, освен како нова голема провокација на ФФМ кон ФК Силекс.