Фудбал
31. May 2017 - 16:00

ФФМ ги одреди цените на билетите за натпреварите со Турција и со Шпанија

 
 
 Утре започнува продажбата на влезници за натпреварите Македонија - Турција (5 јуни) и Македонија - Шпанија (11 јуни).
 
- Сите заинтересирани за присуство на овие натпревари ќе можат да купат билет преку продажната мрежа на „mktickets“ и на официјалниот штанд на ФФМ во „Skopje City Mall“, соопштија од Фудбалската федерација на Македонија.
 
Влезниците за пријателскиот натпревар Македонија – Турција ќе бидат по цена од 100, 200 и 400 денари. Натпреварот ќе се одигра в понеделник на 5 јуни започнува со почеток од 19:45 часот.
 
Двојно повеќе ќе чинат билетите за квалификацискиот дуел за СП 2018 меѓу Македонија и Шпанија закажан за 11 јуни во 20:45 часот. Цените во зависност од местото на Националната Арена се 200, 500 и 800 денари.