Loading Video...
Спорт плус
27. January 2018 - 18:35

Феуз повторно најдобар во спуст

Швајцарецот, Беат Феуз е победник на спуст трката во Светскиот куп (СК) во алпско скијање што попладнево со одржа во германскиот ски-центар Гармиш Партенкирхен. 
 
Феуц до својот трет триумф сезонава во дисциплината спуст стигна со најбрзо време од 1 минута 55,39 секунди. 
 
Второто место го поделија  Австриецот, Винсент Крајхмајр и Доминик Парис од Италија, кои имаа ист резултат (1:55,57) односно 18.стотинки послабо време од победникот. 
 
Со оваа победа Феуз се зацврсти на првото место во Генералниот пласман во оваа дисциплина сега со вкупно 542 бода, пред Аксел Лунд Свиндал од Норвешка кој има 502, односно Италијанецот, Парис со 334.
 
Во севкупниот Генерален пласман и натаму лидер е Марсел Хиршер со 1.154 бодови. Зад Австриецот следи триото Норвежани, Хенрик Кристоферсон (980), Аксел Лунд Свинадал (716) и Кјетил Јансруд (665).