Ф1
13. March 2019 - 20:30

Фетел: Тимот на Ферари е на вистинскиот пат

Себастијан Фетел денеска изјави дека Ферари „се обиде да сврти страница” по домминацијата на Мерцедес во 2018 година и нивниот нов болид „се чувствува добро” пред отворањето на сезоната со трката за Големата награда на Австралија.

Германскиот четирикратен светски шампион зборуваше во Мелбурн за новата сезона .

-Целиот тим се обидува да ја сврти страницата, изјави Фетел за илјадниците навивачи кои се појавија за да ги видат своите формула-1-херои во градот.

-Тимот е на вистинскиот пат и автомобилот се чувствува добро, рече тој за неговиот Ферари, кој беше најбрз во предсезонските тестирања и е фаворит кај букмејкерите пред трката в недела.