Loading Video...
Ф1
26. August 2018 - 18:35

Фетел победник на белгиското Гранд-при

Германецот Себастијан фетел е победник на 13-тата трка сезонава во Ф1 првенството, која ќе се возеше за Големата награда на Белгија.    
 
Возачот на Ферари, одлично ја започна трката која се возеше на патеката Спа, па уште во првиот свиок успеа да го мине Хамилтон кој стартуваше  од пол-позицијата. 
 
Германецот до самиот крај го задржи водството со што се избори за петата победа во оваа сезона, пред главниот ривал Хамилтон кој остана втор и Макс Верстапен од Ред Бул кој заврши како трето рангиран. 
 
Со овој триумф Фетел ја намали предноста на Хамилтон на 17 бодови во трката за шампионскиот трофеј. 
 
Следната трка ќе се вози веќе наредниот викенд кога на програмата е италијанското гранд-при.