Ф1
29. November 2018 - 23:10

Фетел: Годинава не бев во форма

Себастијан Фетел призна дека не бил во форма за време на сезоната 2018. Откако водеше борба со Луис Хамилтон до средината на годината, по летото возачот на Ферари значително заостана. Британецот освои 11 победи на патот до петтата титула, а некои од нив можеа да отидат на сметка на Фетел.
 
– Јас знам колку брзо може работите да тргнат наопаку и како можеше да биде различно оваа година. Мислам дека знам што треба да направам. Сигурно на моменти не бев во форма. Можам да се справам подобро, отколку што го направив тоа во 2018 година, изјави Германецот.
 
Фетел додаде дека научил многу лекции и кон крајот на сезоната направил чекор напред.
 
– Во последните две трки видовме дека се врати вистинскиот Фетел. Секој човек има свои подеми и падови, па бескорисно е да посочуваме со прст кон некого. истакна Маурицио Аривабене.