Македонија
22. August 2019 - 16:13

Фетаи: Секој што се огрешил пред законот мора да одговара

Никој не е недопирлив  порача обвинителката Фатиме Фетаи по приведувањето на шефицата на СЈО. Фетаи смета дека работите се движат во позитивна насока, а евентуалната кривична одговорност на Катица Јанева  не смее да го запре СЈО во гонењето на криминалци.

Покрај специјалната обвинителка Фатиме Фетаи и нејзиниот колега Гаврил Бубевски и денеска  дојде на редовно закажаното рочиште за случајот „Монструм“ кој лани го преземаа како обвинителство. Фетаи не сакаше да одговори што доколку адвокатите на осомничените кои што  ги гони СЈО, побараат нивно изземање. Такво барање денеска немаше бидејки рочиштето за Монструм беше одложено за 5 септември.  Не поради СЈО, туку поради боледување на претседателот на судечкиот совет во кривичниот суд.

Според планот за рочишта, обвинителката Фетаи и утре но и следната недела има закажани судења. Во кривичниот суд на рочиште следната недела е и обвинителот Бурим Рустеми кој беше сослушан и за случајот Рекет .