Македонија
21. January 2021 - 13:03

Фетаи побара ослободување на обвинет во „Монструм“

Анализата на доказите покажа дека за Сами Љута нема докази за никакво кривично дело и затоа се откажувам од обвинението за него, ова во судница го изјави обвинителката Фатиме Фетаи.

Во својот завршен збор таа ги наведе активностите на останатите обвинети кои одговараат за убиството и помагање во извршување на делото.

За петкратното убиство на 12 април 2012 година, кога беа убиени момчињата Кире Тричковски, Филип Славковски, Цветанчо Ацковски, Александар Наќевски и рибарот Борче Стефановски, во претходното судење, на доживотен затвор беа осудени Алил Демири, Африм и Агим Исмаиловиќ, Езим и Хаки Азири и Сами Љута.

Врховниот суд ги укина таквите пресуди, ги ослободи од притвор осудените Агим Исмаиловиќ, Хаки Азири, Сами Љута и Фејзи Азири и им определи мерки на претпазливост. По укинувањето на пресудите, случајот „Монструм“ го презеде поранешното СЈО и предметот беше вратен на повторно судење.

 

Зоран Јаневски