Македонија
8. September 2019 - 16:07

Фетаи и Ристовска на прослава, не откриваат што ќе се случи со предметите на СЈО

Иднината на предметите на СЈО останува неизвесна до вторник. На поканата од Владата специјалните обвинителки Ленче Ристоска и Фатиме Фетаи присуствуваа на прославата за денот на независноста, но не сакаа да коментираат на оваа тема. Кусо рекоа дека денеска е ден за празнување, а на работните обврски им се враќаат во вторник, кога очекуваат да го добија и дописот од државното обвинителство за предавање на сите предмети. Дали обвнителството на Јовески ќе ги добие сите 50тина предмети на СЈО кои се во судската постапка, истрага и предистрага, специјалните обвинители ќе решаваат заеднички откако ќе го добијат барањето.

Јовески вчера за Сител потврди дека примопредавањето ќе се врши предмет по предмет и дека неговата институција има капацитет да ги превземе сите случаи, но прво ќе се чека одлуката на специјалните обвинители.

Во меѓувреме партиите го подготвуваат теренот за средбата Заев-Мицкоски, кои во вторник седнуваат на заедничка маса во обид да постигнат финален договор за законското решение кое треба да ја реши иднината на СЈО. Премиерот Заев и денеска од партиската прослава по повод 8 сепетември го повтори оптимизмот дека ова законско решение важно и за евроинтеграцијата на земјава ќе се донесе со консензус и поддршка од 80 пратеници.

Покрај законот за јавно обвинителство, според Мицкоски приоритетна тема на лидерската средба ќе бидат и предвремените избори кои опозицијата го ценува како единствен излез од лошите состојби во државата.