Македонија
18. September 2019 - 16:18

Фетаи и Бубевски остануваат обвинители во „Монструм“ денеска во суд се слушаа долго најавуваните бомби

Бомбите за случајот „Монструм“ одекнаа во судница.. Во 25-те аудио снимки се слушаа разговори меѓу функционери на поранешната влада. Во еден од разговорите се слуша како тогашниот министер за правда Блерим Беџети одбивал да го потпише барањето за екстрадиција на двајцата обвинети кои се наоѓаат на Косово.. Адвокатот на семејствата на убиените момчиња се незадоволни од содржината на бомбите бидејќи тие не откривале нови детали за случајот..

Освен 25-те бомби, од обвинителството велат дека за петкратното убиство кај Смилковското езеро постојат уште 133 илјади материјали сочинети од пораки и снимки обезбедени со посебни истражни мерки.. Обвинителката Фатиме Фетаи вели дека на крајот од судењето ќе се дознае за  поврзаноста на материјалите, па поради ова очекува трпение за расфетлување на случајот.

Монструм е прв предмет за кој продолжи судењето откако Јавното обвинителство ги презема случаите од СЈО.. Досегашните застапници на обвинението, Фатиме Фетаи и Гаврил Бубевски со овластување од државниот обвинител го водат предметот.. Ваквата пракса продолжува и утре.. Со овластување од јавното обвинителство, во судница ќе се појави обвинителот од СЈО , Трајче Пеливанов кој го водеше случајот Тарифа. Утре пак почнува и судењето за Талир 2, предмет на СЈО за изградбата на партискиот штаб на ВМРО-ДПМНЕ.. И во овој случај, со овластување од државното обвинителство предметот ќе продолжи да го застапува обвинителката Ленче Ристоска.