Фестивалот на пантомима „Панфиз“ почнува со претстава од Финска
Три претстави ќе бидат изведени на 12. Интернационален фестивал на пантомима и физички театар „Панфиз“ кој ќе биде отворен вечер од 20 часот на големата сцена во Македонскиот народен театар со претставата „Боди ноутс“ (Body Notes) на театарската трупа „Мимо арт“ од Хелсинки.
Претставата од Финска која требаше да гостува на минатогодошниот „Панфиз“ е дел и од програмата на годинашното „Скопско лето“. Според уметничкиот директор на „Панфиз“ Трајче Ѓорѓиев, се работи за атракција што фасцинира со артикулираната сценска физичка игра, во исто време кокетирајќи со танцот како ад хок израз.
Утревечер на „Панфиз“ ќе има две претстави на малата сцена на МНТ – „Белиот Бип” на театарот „Метаморфози“ од Бугарија од 20 часот и македонскиот проект „Скопје ‘63” на театарот „Страница” од 21.30 часот.
Оваа година на „Панфиз“ ќе се одржува еднонеделна буто-работилница под водство на Марко Нектан од Србија, со група од десетина македонски артисти. Од работилницата ќе произлезе четвртата претстава на „Панфиз 2019” која и ќе го затвори фестивалот на 3 јули од 20 часот – буто-перформансот „Кабаре на апсурдот”.
По изведбата ќе биде доделена единствената награда за најдобра претстава, чиј спонзор и оваа година е семејството Пацови од Бугарија.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Владо Мисајловски, носител на листа ИЕ2 од ВМРО-ДПМНЕ
-
Мицкоски ги повика Апасиев и Димитриевски на обединување
-
Парламентарни избори 2024
-
Претседателски избори 2024
-
МОН до основните училишта: Во саботите ќе се одработуваат неработните денови поради изборите
-
Оспорени 3.000 вработувања кои ги потпишал Бесими без врзан потпис, ДИК ќе одлучува дали ќе останат на работа
-
Компанијата „Еуромакс Ресоурсес“ со последно предупредување пред да ја тужи државата за рудникот „Иловица - Штука“
-
Скопје ја надмина бројката од 400 заразени со голема кашлица