Македонија
23. July 2016 - 9:20

Фестивал на електронска музика во Радовиш

На стрелиштето во Радовиш вечер ќе се одржи второто издание на фестивалот на електронска музика „Проект Калабалак 2016“.

На повеќечасовниот музички настан главен учесник ќе биде ултра-познатиот француски диџеј и продуцент Том Тајгер (Tom Tyger) кој ќе изведе 90-минутен сет со најголемите електро-хаус хитови. Како специјален гостин ќе настапи Весс (Wess) од Хрватска кој се смета за најбрза растечка ѕвезда на Балканот, а за комплетно музичко шоу ќе се погрижат најдобрите диџеи од Македонија, Мирок, Тодороф, Галоски, Ненат Омен и Зоки Поки.

Музичкиот настан е проект на здружението на граѓани „Проект Калабалак” а целта е да се реализира спектакл кој ќе предизвика поинакво музичко доживување за љубителите и познавачите на електронската музика.