Македонија
26. January 2017 - 10:25

Фестивал на британски филм PlayUK

Од 16 до 19 февруари во Скопје и во уште пет градови во регионот (Белград, Подгорица, Призрен, Сараево и Тирана) ќе се одржува меѓународниот фестивал на британски филм - PlayUK.

Фестивалот го организира Британскиот совет.

PlayUK ќе се отвори со „T2 Треинспотинг“, а за четири дена публиката ќе може да проследи десет премиери. Прикажани ќе бидат најдобрите современи британски играни и документарни филмови. 

Фестивалот во Скопје се одржува во соработка со Младинскиот културен центар.