-->
-->
Фестивал „Feelmotion“ на Филмската академија во Охрид
-->
Институтот за филм - Филмската академија од Охрид наредниот викенд ќе го организира првиот филмски фестивал „Feelmotion“, во чии рамки ќе бидат организирани и средби на млади режисери, сценаристи, продуценти и студенти.
На програмта на фестивалот што ќе се одржува од 8 до 10 овој месец ќе бидат прикажани 24 кратки филмови, како и 12 кратки анимирани филмови од млади автори од Академијата во Охрид, како и од регионот и пошироко.
Дел од фестивалот ќе биде и панел-дискусија на независни продуценти на тема „Како да се обезбедат финансии за првиот проект“, како и дискусија посветена на филмското образование во регионот.
На фестивалот ќе биде поставена и изложба на фотографии на автори од Фото-кино клубот од Битола.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација