Loading Video...
Спорт плус
27. January 2019 - 15:59

Ферстл победник на Супер-џи трката во Кицбил

Германецот, Џозеф Ферстл денеска  победи и на Супер-велеслалом трка одржана во Кицбил.
 
До својот прв триумф сезонава, а втор во кариерата во Светскиот куп ( првиот во Вал Гардена во декември 2017 година) 30-годишниот Германецот стигна за само  8.стотинки побрзо од Французинот, Јохан Кларе, односно за 10.стотинки подобро од Италијанецот, Доминик Парис кој заврши трет. 
 
Лидерот во Генералниотпоредок Марсел Хиршер денеска не настапи, но и натаму Австриецот има убедлива предност од 445 бодови во однос на второ рангираниот Хенрик Кристоферсен од Норвешка.