Македонија
15. January 2020 - 18:41

ФЕРО ИНВЕСТ ДОО Скопје: Анѓушев од 2018 година нема допирни точки со работењето на ЕДС

Друштвото ФЕРО ИНВЕСТ ДОО Скопје и неговиот сопственик Проф.Д‐р. Кочо Анѓушев категорично ги отфрла ваквите лажните обвинувања од Наум Стоиловски портпарол на ВМРО ДПМНЕ како невистинити и тендициозни, со цел нарушување на угледот и честа на компанијата и нејзините сопственици.

На прес конференција одржана на 15.01.2020 порптаролот на ВМРО ДПМНЕ изнесе лажни обвинувања дека Проф.Д‐р. Кочо Анѓушев и компанија блиска до него добила тендер од Министерство за одбрана.

Уште од 2018 година компанијата ФЕРО ИНВЕСТ ДОО Скопје и неговиот сопственик Проф.Д‐р. Кочо Анѓушев ги имаат продадено своите удели во компанијата ЕДС и предадено целосна контрола врз фирмата на новите сопственици во јавана и транспарентна постпапка за која беа запознаени медиумите и пошироката јавност. Повеќе од 1 година и 6 месеци Проф.Д‐р. Кочо Анѓушев нема никаков удел ниту во работењето ниту во одлучувањето во компанијата ЕДС.

Доколку ВМРО ДПМНЕ и порптаролот на партијата не понудат јавно извнување на ист начин на кој изнесуваат лажни обвинувања, ќе бидеме приморани да ги преземеме сите законски мерки со цел заштита на угледот на компанијата и нејзините сопственици.