-->
-->
Фернандеш ги засили шпекулациите за трансфер во Јунајтед
-->
Бруно Фернандеш самиот ги засили шпекулациите дека веќе го одиграл својот последен натпревар за Спортинг (Лисабон).
Синоќа, Португалецот излезе со капитенската лента во контролната против Валенсија, која „лилјаците“ ја освоија со 2:1. Фернандеш, кој наводно се приближува до трансфер во Манчестер Јунајтед, не успеа да ги задржи своите емоции и заплака.
Медиумите на Островот велат дека двата клуба веќе се согласиле со условите на трансферот. Според „Дејли мејл“, „црвените ѓаволи“ ќе платат 56 милиони фунти за играчот од средниот ред, додека „Мирор“ тврди дека сумата е 63 милиони.
По натпреварот, тренерот на Спортинг, Марсел Кајзер одби да потврди дека трансферот веќе е решен и изрази надеж дека Бруно Фернандеш ќе остане во тимот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
СДСМ: Скандалозно е да блокираш одржување попис по 19 години
-
Топло до сабота, од недела позначителен пад на температурите
-
Холовеј урна светски рекорд стар 27 години
-
Маричиќ: Извештајот на Стратегијата за реформи во правосудтсвото укажува дека имаме солидни резултати
-
ЛШ: Победи за Сити и Реал
-
ДИЖС го задолжи РЕК Битола да ја контролира прашината од депонијата за пепел од филтрите и соодветно да го складира опасниот отпад
-
ЛШ: Победа за Вардар против Елверум
-
Македонска туристичка берза: Домашните туристички работници да се подготват, отворањето на границите е се поблиску