Фудбал
28. July 2019 - 10:21

Фернандес е новото засилување на Јунајтед

Португалскиот фудбалер на Спортинг од Лисабон, Бруно Фернандес заминува во Англија каде треба да го финализира трансфер договорот со Манчестер јунајтед.

Договорот меѓу Јунајтед и Спортинг падна по долги и макотрпни преговори, па така Португалецот ќе ги чини „црвените ѓаволи“ 62 милиони фунти.

Фернандес минатата година одигра прекрасна сезона со 32 постигнати голови и 18 асистенции, така што не е ни чудо што напаѓачот на Спортинг беше една од трите желби на тренерот Оле Гунар Солскјарер до управата на клубот.

Но, португалскиот офанзивец нема да биде единственото засилување во Олд Трафорд, бидејќи набргу таму се очекува да додје и СМС од Лацио, како и бекот на Лестер, Хари Мегвајер.