Ф1
3. July 2015 - 23:01

Ферари си заминува од Ф1?!

Италијанскиот тим во Формула 1, Ферари најави повлекување од најбрзиот автомото спорт ако првиот човек на натпреварувањето, Берни Еклстоун ја повлече од календарот трката во Монца.

Првиот човек на Ф1 повеќе е заинтересиран за парите отколку за натпреварувањето. Трката за ГН на Италија на патеката во Монца се вози од далечната 1950 година, но Еклстоун и покрај тоа најави можно повлекување на патеката. Поради тоа, од Италија се заканија дека ако се повлече Монца - од Ф1 може да си замине и италијанскиот тим.

„Еклстоун мора да разбере дека не може да прави сѐ што ќе му текне. Тој не смее да ја повлекува трката во Монца. Никој поради пари не смее да прави такви лудости и да ја брише историјата на Ф1. Вршат притисок над нас, ако ГН на Италија повеќе не се вози во Монца, Ферари нема да биде дел од овој спорт“, изјави Роберто Марони, првиот човек на регионот Ломбардија во Италија.

Марони доби поддршка и од првиот човек на Ферари, Серџо Маркионе кој најавил дека ќе се бори до крај Монца да остане дел од календарот во Ф1.