„Ферари“ најмоќен бренд, „Амазон“ највреден
Италијанскиот производител на автомобили „Ферари“ ја освои титулата најмоќен бренд, според најновиот извештај на „Бренд Финанс Глобал 2019“.
Во текот на минатата година, „Ферари“ во категоријата Индекс на сила на брендот – БСИ го зголеми својот резултат за три бода, од 91,5 на 94,8 од можните 100, надминувајќи ги „Мекдоналдс“, „Кока-Кола“, „Лего“ и „Дизни“, се наведува во извештајот објавен на веб-страницата на компанијата „Бренд Финанс“, која ја мери вредноста на 500 најголеми светски брендови.
Великанот меѓу автомобилските брендови последен пат ја понесе титулата најмоќен светски бренд во 2014 година.
– Како најдобар производител на луксузни автомобили во светот, „Ферари“ има неспоредливо ниво на препознатливост на брендот, што го поддржува совршеноста на дизајнот и иновациите. Логото на коњот е совршен симбол на силата и виталноста на брендот, кој планира нови модели и оди подалеку во автомобилската индустрија, изјави генералниот директор на „Бренд Финанс“, Дејвид Хејг.
Кога станува збор за вредноста на брендот, највисоко рангиран е американскиот интернет гигант „Амазон“, со износ од 187,9 милијарди долари (раст од 24,6 отсто во споредба со 2018), втор е „Ејпл“ со 153,6 милијарди долари (раст од пет проценти), а трет „Гугл“ со 142,7 милијарди долари (раст од 18,1 отсто).
„Мајкрософт“ од шестата се искачи на четвртата позиција, со вредност од 119,6 милијарди долари (раст од 47,4 отсто), потиснувајќи го „Самсунг“ на петтото место. Вредноста на брендот на овој јужнокорејски технолошки гигант е намалена за 1,1 проценти на 91,3 милијарди долари.
Кинескиот „Хуавеј“, кој е со раст на вредноста на брендот од 63,7 отсто, вреди речиси 62,3 милијарди долари и од минатогодишното 25.-то место сега се искачи на 12-та позиција.
Ново на Сител
-
Доживотен затвор за Усеин Р. кој со 42 убоди од нож ја уби Танкица Младеновска од Кочани
-
Училиштата каде што ќе се гласа на изборите, на 23 април и 7 мај ќе работат до 11 часот
-
„Сакаме да јадеме нешто“: Илјадници патници заробени на аеродромот во Дубаи
-
Во поплавите во Пакистан и во Авганистан загинаа приближно 140 луѓе
-
Одреден притвор за заменик директорот на косовската полиција, останатите полицајци ослободени
-
Битолчанец со воздушна пушка од својот балкон пукал кон куче скитник
-
Петмесечно бебе со пертусис хоспитализирано во прилепската болница
-
Во Велес исчезна 56-годишен маж