Живот
17. January 2019 - 12:18

Феномен досега невиден: Огромен мистериозен леден диск наеднаш се појави среде река, а уште и се врти

Иако изгледа како површина на Месечината, станува збор за необична и ретка појава на нашата планета.

Огромен леден диск со пречник од речиси 100 метри се појави на површината на реката, но покрај неверојатно правилната форма, зачудувачки е што уште и дискот ротира.

Овој феномен е снимен во Вестбрук, во американската сојузна држава Мејн, а снимката е направена од воздух со помош на дрон.

Дискот се движи спротивно од сказалките на часовникот. Експертите објаснуваат дека овој иако природен феномен сепак е многу редок.

Дисковите обично се формираат во деловите од реките каде водата тече поспоро и во деловите каде настануваат вртлози.