-->
-->
Феникс во големата размена го добива Дурант
-->
Ѕвездата на Бруклин Нетс, Кевин Дурант (34 години, 208 см) ќе се пресели во Феникс во голем трејд.
Нетси ќе ги добијат Микал Бриџис (26, 198 см), Кам Џонсон (26, 203 см) и Џеј Краудер (32, 198 см), четири пика од првата рунда и опција за тргување со пик во 2028 година.
Исто така Бруклин ќе ги добие незаштитените пикови од 2023, 2025, 2027 и 2029 година.
Од друга страна, Санс покрај Дурант ќе го добие и Ти Џеј Ворен (29, 203 см).
Во тековната сезона, Дурант сезонава настапи на 39 натпревари, со просек од 29,7 поени, 6,7 скока и 5,3 асистенции. Договорот на суперѕвездата на НБА е до 2026 година. Кевин се опоравува од повредата на коленото.
Претходно, Бруклин нетс остана и без втората голема ѕвезда, Кајри Ирвинг кој замина во Далас Маверикс.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
СДСМ обелодени нови кандидати за градоначалници во 10 општини
-
Анализа: Како влијае споредбата од еврокомесарката Кос на јавноста?
-
Тема на денот со Ненад Марковиќ, универзитетски професор
-
Македонија старее, лани населението е намалено за 4.140 лица
-
Отворено прашањето за етничката застапеност
-
Мицкоски: Нема да тече мед и млеко по уставните измени
-
Хермелини се оспособуваат за гаснење пожари на тешко пристапни места, кажа премиерот Мицкоски
-
Го згазил мотор под прозорецот каде што живеел, на пешачка патека на скопски кеј - возачот избегал