Loading Video...
Кошарка
2. January 2021 - 15:36

Феникс ја оствари и петата победа, а конечно се радуваа и Детроит и Вашингтон

Екипата на Феникс Санс ја продолжува победничката низа. „Сонцата“ славеа гостински триумф кај Денвер со 106-103 со што ја остварија петата победа во шесте одиграни натпревари. 
 
По еден пораз досега, но четири победи досега остварија и екипите на Атланта, Индијана, Филаделфија и Орландо . 
 
До четвртиот триумф стиган и шампионот ЛА Лејкер кој предводен од Леброн Џејмс и неговиот трип-дабл учинок со 26 поени, 11 скокови и 10 асистенции, како и Ентони Дејвис кој средбата ја заврши со 34 поени и 11 скокови славеа на гостувањето во Сан Антониот против „Спарси“ со 109-103. 
 
Конечно на првите победи се израдуваа и кошаркарите на Детроит и Вашингтон добивајќи ги средбите против Бостон односно Минесота.