-->
-->
Феникс 2010 остана без четвртфинале во Европската младинска лига
-->
Младите кошаркари на Феникс 2010 од Скопје, родени 2001 година, се поразени во првиот меч од младинската европска лига, односно завршниот „Супер-фајнал’’ турнир за играчи до 15 години, што се одржува во литванскиот град Клаипеда.
На турнирот на кој учествуваат десетте најдобри екипи од Европа, во неизвесен дуел екипата на Феникс 2010 загуби во осминафиналето од естонскиот тим Аудентес од Талин со 44-48 по четвртини 18:12, 09:11, 06:09 и 11:16.
Иако, три четвртини нашиот преставник во ова натпреварување, ја имаше контролата над резултатот и постојано водство, сепак во последниот период лошата реализација во ударите за три поени (1/19) се покажа како клучна за овој пораз. Андреј Јакимовски со 14 поени и 9 скокови, како и Никола Кацарски кој средбата ја заврши со 22 скокови и 8 поени беа најзабележителните играчи во македонскиот тим, за кој претстојат најмалку уште два натпревари.
Веќе попладнево Феникс ќе разигруваат за пласман од 7 до 10 место, а противник ќе биде домашниот тим на Клаипеда кој беше поразен од Динамо Москва со 61:57.
На ова натпреварување кое е под „капата“ на ФИБА Европа, покрај македонскат и естонската екипа, настапуваат и тимови од Литванија, Унгарија, Чешка и Русија.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
ЈСП Скопје: Можни се технички проблеми при валидирање со телефон или апликацијата „Скопска“
-
Ангелов: Би работел за СДСМ но за плата од 5000 евра
-
МЗШВ: Лозарите добиваат гарантирана откупна цена на винското грозје
-
Македонија и 11 членки на НАТО ја зајакнуваат соработката за обука на воени пилоти
-
ССМ на 2 април на протест поради одлуката на Врховниот суд, ќе протестира и на 1 мај
-
Полицајци спроведуваат политичка кампања, училиште претворено во штаб на ДУИ
-
Приведено уште едно лице за убиството на докторот во Железара
-
Вработените во здравството најавуваат протест на 8 април