Кошарка
16. November 2016 - 21:30

Фени Индустри подобар од Карпош Соколи во македонското дерби во БИБЛ лига

  Екипата на Фени Индустри  забележа победа против Карпош Соколи во македонското дерби од регионалната кошаркарска Балканска лига. 
 
На средбата одиграна вечерва во Кавадарци, а во рамките од Б групата, кошаркарите на Фени Индустри славеа победа над Карпош Соколи со 85-70 по четвртини, 40:39, 17:15, 25:21 и 20:10.
 
Вукота Павловиќ со 20 и Кирил Николовски со 18 поени го предводеа Фени Индустри до третата победа во БИБЛ конкуренцијата. 
 
Во вториот меч од оваа група Трепча ја совлада Сутјеска со 75-73. 
 
Вчера се одиграа средбите од А групата, во кои победи остварија домашните екипи и тоа Куманово го совлада Берое со 82-72, а Теодо беше подобар од Башкими со 86-74. 
 
А група - табела: Куманово 4-0 (победи-порази), Берое 3-1, Теодо 3-1, Кожув 1-3, Башкими 0-4 и Сигал Приштина 0-1.
 
Б група - табела: Фени Индустри 3-2 (победи-порази), Сутјеска 3-1, Трепча 2-2, Тирана 1-3, Карпош Соколи 1-3 и Пеќ 1-0.