-->
-->
Фелаини прекомандуван во напад
-->
Манчестер Јунајтед на почетокот од сезоната има големи проблеми со реализицијата, постигнати само два гола во три натпревара во Премиерлигата, а овој проблем менаџерот Луј Ван Гал ќе се обиде да го реши без да донесе нов напаѓач.
Откако му пропаднаа трансферите за кои беше подготвен да издвои голема сума пари (Кавани, Бејл, Нејмар), холандскиот стратег во пресрет на мечот со Бриж во Лигата на шампионите, изјавил дека во иднина Маруан Фелаини ќе игра само во нападот.
„Фелаини може да игра во редот за врска, како ‘шестка’ или ‘осумка’, но во наредниот период тој повеќе ќе биде ‘деветка’ или ‘десетка’. Морам да ротирам, Премиерлигата е долга и морам да ги користам сите играчи“, рекол Ван Гал.
„Не е важно на која позиција ќе играм, важно е Манчестер да победува. Првата сезона беше тешка, сега сакам да играм добро и да постигнувам голови“, рекол Фелаини.
Инаку поранешниот фудбалер на Стандард и Евертон и репрезентаивец на Белгија, со својот гол во 93. минута му донесе предност од 3:1 на Јунајтед против Бриж, гол кој на ‘црвените жаволи’ им гарантира мирен реванш.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од свет
-
Законот за јазиците пред Уставен
-
Приведените во „Адитив“ пред суд
-
Расте откупната цена на тутунот
-
Преглед на вестите од светот
-
Не само ПМ честичките туку и бројни хемикалии во загадениот воздух влијаат на здравјето
-
Тема на денот со Маргарита Цаца Николовска
-
Агелер: Ако ние обезбедивме докази за Груби и Беџети, можат и македонските власти