Фекална и атмосферска канализација на улицата „Товарник“ во Ченто
На улицата „Товарник“ во населбата Ченто се работи на изградба на колектор за фекална канализација и на поставување колектор за атмосферска канализација.
Градоначалникот Тони Трајковски, кој денеска беше во Ченто, истакна дека со години голем број од куќите биле приклучени на канализацијата на несоодветен начин.
- Со реализацијата на проектот овие проблеми ќе бидат решени, а опфатени се околу 200 куќи. Во првата фаза од проектот изградени се 240 метри атмосферска и фекална канализација со вредност од околу 1,7 милиони денари. Во втората фаза ќе се изведат 438 метри фекална и атмосферска канализација во вредност од 4,2 милиони денари или околу 6 милиони денари, рече Трајковски.
Тој информира дека летниот период ќе се искористи за изградба на фекални и атмосферски канализации во повеќе населени места.
- Во моментов се работи на изградба на атмосферска канализација во Триангла и на фекалната канализација во Трубарево. Деновиве ќе се распише оглас за фекалната канализација во Јурумлери, а за краток период ќе се подготви тендерската документација за фекалната канализација во Смилковци, нагласи Трајковски.
Ново на Сител
-
Аналитички центар на Сител: Пресек на излезност до 13 часот
-
Просечна излезност до 11 часот
-
ОБСЕ: На крајот на денот ќе оцениме како се одржало гласањето
-
Аналитички центар на Сител: Просечна излезност до 9 часот
-
Министерот се премисли: Основците нема да одат на училиште во сабота
-
Агресијата кај учениците е резултат на целокупната состојба во државата
-
ВО ЖИВО: Нема настава во сабота
-
Тема на денот со претседателот на ДИК, Александар Даштевски