Фејсбук злосторство во Чикаго: Смрт во живо | Сител Телевизија
Живот
18. јуни 2016 - 20:23

Фејсбук злосторство во Чикаго: Смрт во живо

Антонио Перкинс (28) е убиен во Чикаго додека правеше пренос во живо на Фејсбук.

Перкинс се снимал во западниот дел од Чикадо кога засега непознато лице му пукало во глава и во вратот. Потоа се слушнале различни панични рекации на неколку луѓе и плач на жена. Видеото се уште е достапно на Фејсбук, каде привлече големо внимание на корисниците на оваа социјална мрежа.

Ова е втор инцидент за три месеци во Чикаго при што е снимено пукање во живо. Во март непознат маж е погоден дури 16 пати.

Апсења досега немало.

Опцијата на Фејсбук Лајв стрим (live stream) овозможува директни преноси во живо и е покрената во 2010 година, а експанзијата ја доживеа во изминатите неколку месеци.