Фејсбук воведува големи промени во сандачето за известување
Фејсбук го тестира новото сандаче за известувања, кое би можело да содржи најмногу промени досега и да го измени начинот на кој корисниците досега ги добиваа информациите.
На Твитер се појавија фотографии на кои се гледа дека сандалето за новости е поделено во неколку тематски групи, како што се свет, спорт и храна, но се уште е можно да се видат вестите и од почетната страница, каде што се собираат сите заедно, како и порано.
- Корисниците ни рекоа дека би сакале да гледаат повеќе вести од подрачјата кои ги интересираат, така што ја тестираме баријаната што ќе го овозможи тоа, изјавил претставник на Фејсбук за „Машабл“.
Со тоа социјалната мрежа сака да ги привлече корисниците чии вести се читаат на некои други социјални мрежи и страници, како на пример Твитер или Гугл Њуз. Исто така, ќе биде можно да се избришат категориите кои не ве интересираат и да се додадат некои нови коиби ги сакаче место нив.
Не е познато кога новото сандаче со информации ќе биде достапно за сите корисници, но ако тестрирањето се покаже успешно, Фејсбук сигурно нема долго да чекаат со неговата промоција.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација