Македонија
11. January 2016 - 16:35

Фејсбук профилот на Бекири ги откри неговите пријателства

Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева и техничкиот министер за внатрешни од СДСМ Оливер Спасовски се на листата пријатели на Захир Бекири викан Чауш. Фејсбук профилот на главниот осомничен за Фабриката за афери на СДСМ ги открива конекциите на криминалецот со дебело досие и партискиот врв на СДСМ како и луѓето од оваа партија делегирани во специјалното обвинителство и полицијата.

Профилот на Бекири на оваа социјална мрежа стана отворен за јавноста доцна синоќа а вниманието го привлече објавувајќи фотографија со друг затвореник во Идризово каде во моментов издржува затворска казна. На листата пријатели можеа да се видат препознатливите лица на опозицијата и невладините на СОРОС - Ѓорги Спасов, Дамјан Манчевски, Горан Мисовски, Суад Мисини, Душко Млекарот .. но и новинари од опозициските медиуми меѓу кои и новинарот кој ги објави наводните афери во Фокус. Друштвото ан Чауш на со социјалните мрежи го надополнуваат неколку команданти на УЧК, радикали и криминалци.

Интересно е што во фото галериите недостасуваа сликите од малолетниот син на Захир Бекири со техничкиот министер Спасовски кои претходно излегоа во јавност.  Извори коментираат дека фотографиите кои ја пшокажаа блискоста на функционерот од СДСМ и осомничениот за криминал биле избришани под налог на Спасовски.

Но и целиот профил на Бекири стана целосно недостапен само неколку часа по објавувањето анз атвопрксата фотографија откако медиумите обелоденија кој се стои на неговата листа пријатели.

Извори од Бихаќка коментираат дека профилот бил затворен по налог на првите луѓе на СДСМ а однесувањето на Чауш било сфатено како порака- дека ако не се обезбеди негова заштита преку специјалното обвинителство тој ќе проговори за неговите врски со партискиот врв и ги расветли сите настани поврзани со фабриката за афери на СДСМ.

Захир Бекири Чауш беше приведен со уште две лица откако кај нив беше пронајдена целосна опрема за изработка на лажни лични документи, беа пронајдени лажни лични карти и пасоши и лажни банкарски сметки на име на високи владини функционери. Осомничените имале и богата архива од околу 70 000 приватни телефонски разговори сместени во фолдер именуван Заев СДСМ кои ги продавале на лица осомничени за криминал во земји од соседството.