Фејсбук и Инстаграм предизвикуваат депресивност
Едно истражување откри дека корисниците на социјалните мрежи имаат поголеми шанси да станат депресивни.
Според авторите на истражувањето, постојат три показатели кои укажуваат дали Фејсбук и Инстаграм ве прават депресивни.
1. Љубомора
Сите по природа сме љубоморни на животот на другите луѓе околу себе, на нивните патувања, среќните врски и успесите.
Но, кога тие чувства почнуваат да надоаѓаат во поголем обем и стануваат опсесија, може да биде знак дека премногу ги користите социјалните мрежи.
2. Несоодветност
Освен љубомората, уште по страшно е како по онлајн дружбите се почуствувате несоодветно, односно дека вашиот живот не е доволно добар во псоредба со животите на другите.
Ако ви се јави вакво чувство, потстете се дека на социјалните мрежи сите ги објавуваат само најдобрите работи за себе, но тоа е и знак дека треба да „одморите од посетите“ на туѓи профили и животи.
3. Осаменост
Дигиталното поврзување и заедништво со другите може да бидат позитивна работа, но и да предизвикаат контраефект доколку по прегледувањето на социјалните мрежи почнеме да се чувствуваме осамени, додека гледаме како сите други се забавуваат.
Онлајн врските можат да остават чувство на неисполнетост, ако вашите реални врска со другите не се ни приближно толку силни.
Затоа наместо разговор со пријателите на чет, договорете се за кафе на сонце.
Ново на Сител
-
Тројца приведени за убиството на матичниот доктор кај поликлиниката Железара – мотивот се уште непознат
-
Трет ден потрага по Данка, родителите повторно во станица
-
Предизборно финале – партиите ги финализираат листите
-
Стариот парламент ќе инаугурира нов шеф на државата - конститутивна седница за новите пратеници на 28 мај
-
ОЛАФ бара од Македонија да врати 2,2 милиони евра - злоупотребени пари од Еразмус плус
-
ССМ најавува серија протести, работниците излегуваат на улица
-
Штипските пензионери повторно на протест
-
Глобалниот минимален данок од 15% - закана за 50-тина компании кои работат во зоните кај нас