Интернет
2. February 2017 - 15:36

Фејсбук го прославува својот 12 роденден - За секој корисник следи изненадување

 
Компанијата Фејсбук четврти Февруари, го обележува Денот на пријателството, а воедно го прославува и својот 12 роденден. 
 
Оваа година прославата започна порано, па корисниците уште денеска  на почетната страница имаа прилика да видат кратко видео со слики од нив и нивните пријатели.
 
Во случај да не се појави на вашата почетна страна може да се види на следниов линк https://www.facebook.com/friendsday.
 
Овде исто така може да се обидете да ги уредувате вашите видеа, и да ја изберете фотографијата што сакате да се појави за вас.