Фејсбук го фрапираше светот: Користиме вештачка интелигенција, штом некој ќе објави ваков пост веднаш ги алармираме властите
Фејсбук најави дека ќе создаде систем со вештачка интелигенција, со цел да ги детектира брзо членовите на социјалната мрежа, кои имаат самоубиствени мисли. Иницијативата има за цел навреме да им помогне на овие луѓе.
Технологијата ќе бара автоматски индикации за самоубиствени мисли во објавите на корисниците, како и во клиповите на „Фејсбук Лајф".
Доколку постојат такви индикации персоналот на Фејсбук ќе биде информиран брзо, како и организациите, специјализирани за помош на луѓето со самоубиствени мисли. Системот со вештачка интелигенција ќе испитува не само пораките на членовите на мрежата, туку и одговорите на нивните пријатели.
Фејсбук веќе има поставено алатки за дејствување, овозможувајќи им на корисниците да дадат сигнал, ако сметаат дека нивниот пријател сака да стави крај на својот живот, но системот со вештачка интелигенција ќе овозможи побрзо да се пренесуваат информациите за таквите лица и дури да се детектираат сигнали, кои членовите на мрежата можеби не ги забележале.
По периодот на тестирање во САД, Фејсбук ќе го разгранува системот и надвор од земјата за да биде достапен насекаде, со исклучок на ЕУ, вели Гај Роузен, потпретседател на Фејсбук, одговорен за управувањето на производите на компанијата. Личните податоци во ЕУ се заштитени со построги закони од оние во САД.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација