Македонија
26. March 2019 - 13:09

Фејсбук брише лажни профили од Македонија

Компанијата Фејсбук соопштила дека избришала неколку лажни профили од Македонија, Косово, Иран и Русија.

Станува збор за профили, за кои е наведено дека е забележано “координирано неавтентично однесување”.

“Reuters” пренесува дека оваа компанија објавила дека “вкупно 2.632 страни, групи и профили биле отстранети од Фејсбук и Инстаграм поради операции поврзани со споменатите земји”.

Се наведува дека “513 од тие профили биле поврзани со Иран, додека 1.907 биле поврзани со Русија”.

“Профилите поврзани со Русија во најголема мера се отстранети како “спам”, а мал дел бил ангажиран во координирано неавтентично однесување”, пишува во соопштението.

Компанијата навела дека страните и профилите се “отстранети поради однесувањето, а не поради содржината”.