Свет
14. April 2017 - 9:50

Фејсбук блокираше 30 илјади лажни профили во Франција

Социјалната мрежа Фејсбук блокираше 30 илјадни профили во Франција, за да го спречи ширењето лажни вести, дезинформаци и спамови. 

Десет дена пред првиот круг од претседателските избори во Франција Фејсбук ја презеде оваа мерка против профилите, кои ги нарушуваат условите за користење на социјалната мрежа.

Компанијата е подложена на силен притисок во Европа, каде владите во повеќе земји се закануваат со нови закони и казни, ако Фејсбук не ја отстрани екстремистичката пропаганда и други содржини, со кои се нарушуваат локалните закони.

Притисок се врши и врз Твитер, Гугл, Јутјуб и тој се зајакнува со приближување на изборите во Франција и Германија.