Тенис
27. February 2017 - 19:44

Федерер успешно стартуваше во Дубаи

По успехот во Австралија  веќе легендарниот тенисер Роже Федерер успешно стартуваше и на турнирот во  Дубаи со награден фонд од 2,62 милиони долари.
 
Како трет носител Швајцарецот за  само 54 минути против Французинот Беноа Пер,извојува победа од  6:1, 6:3.
 
Седумкратниот шампион на турнирот го одигра првиот меч, откако ја освои титулата на Австралија опен пред еден месец.
 
Десеттиот во светската ранглиста започна одлично, а единствено при 4:1 во првиот сет имаше тешкотии на свој сервис, кога ги спаси и трите можности за брејк на противникот во натпреварот.
 
Во вториот дел Федерер повторно доминираше и со уште два брејка во петтиот и во деветтиот гем стигна до успехот. Во вториот круг тој го очекува победникот од натпреварот помеѓу Русите Михаил Јужни и квалификантот Евгениј Донској.