-->
-->
Федерер успешно стартуваше во Дубаи
-->
По успехот во Австралија веќе легендарниот тенисер Роже Федерер успешно стартуваше и на турнирот во Дубаи со награден фонд од 2,62 милиони долари.
Како трет носител Швајцарецот за само 54 минути против Французинот Беноа Пер,извојува победа од 6:1, 6:3.
Седумкратниот шампион на турнирот го одигра првиот меч, откако ја освои титулата на Австралија опен пред еден месец.
Десеттиот во светската ранглиста започна одлично, а единствено при 4:1 во првиот сет имаше тешкотии на свој сервис, кога ги спаси и трите можности за брејк на противникот во натпреварот.
Во вториот дел Федерер повторно доминираше и со уште два брејка во петтиот и во деветтиот гем стигна до успехот. Во вториот круг тој го очекува победникот од натпреварот помеѓу Русите Михаил Јужни и квалификантот Евгениј Донској.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
ВО ЖИВО: Нема настава во сабота
-
Тема на денот со претседателот на ДИК, Александар Даштевски
-
ССК: Кога среда е неработен ден, сте ја изгубиле цела недела
-
Во Југоистокот на државата запишани 1547 болни и изнемоштени лица
-
ВО ЖИВО: Подготовки во ДИК
-
Гласање во затвор „Идризово“, запишани 887 избирачи
-
Гласаат затворениците во Штип
-
Управен ја запре постапката за вработување на 130 кандидати за идни судии и јавни обвинители