Тенис
3. November 2018 - 8:27

Федерер против Ѓоковиќ во полуфиналето на Мастерсот во Париз

Швајцарецот Роџер Федерер избори полуфинале на тенискиот Мастерс турнир во Париз, откако синоќа со 2-0 го совлада Јапонецот Кеи Нишикори.

Федерер во полуфиналето силите ќе ги одмери со српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ кој претходно го порази Хрватот Марин Чилиќ со резултат 4:6, 6:2, 6:3.

Во второто полуфинале силите ќе ги одмерат Доминик Тим и Рус Карен Качанов која направи големо изненадување совладувајќу го Германецот Александар Зверев.