Тенис
7. јуни 2019 - 16:15

Федерер немоќен против разиграниот Надал

Рафаел Надал е првиот финалист на Ролан Гарос каде ќе се бори за 12. титула. 

Шпанецот убедливо во три сета со 6-3,6-4 и 6-2 го совлада ветеранот Роже Федерер во меч што се играше во тешки услови со силен ветер. 
Надал одлично го започна мечот а особено доминираше во третиот сет каде загуби само два гема против Швајцарскиот ас и во финалето ќе игра со победникот од мечот Ѓоковиќ-Доминик Тим.