Тенис
1. May 2017 - 16:25

Федерер ќе игра на Ролан Гарос, фаворитската улога им ја препушта на Рафа и Ноле

Најомилениот тенисер на денешницата Рожер Федерер откри во разговорот за „Тенис Чанел“ дека се пријавил и дека му е во план да игра на Ролан Гарос. 
 Со тоа Федерер ги демантира гласините дека нема да игра на земјани терени.  Швајцарецот изјави дека нема што да загуби и можеби ќе му „тргне“ и тогаш ништо не се знае.„Сакам само да се појавим и да ги усреќам луѓето“ - рече Федерер кој фаворитската улога им ја препушта на Надал и Ѓоковиќ.