Loading Video...
Тенис
14. January 2019 - 13:24

Федерер и Надал без проблеми, Мареј го заврши настапот на Австралија Опен

Во Мелбурн, стартуваше првиот овосезонски тениски Гренд слем, Австралија Опен.    
 
Бранителот на трофејот Роџер Џедерер (3-носител) без многу мака во три сета го совлада Узбекистанецот, Денис Истомин. 
 
И, Рафаел Надал кој ја има улогата на втор носител на турнирот забележа победа во три сета над домашниот тенисер Џејмс Дукворт. 
 
5-носител Кенет Андерсон со 3:1 во првото коло го мина Французинот,Манарио, додека 6-носител, Хрватот Марин Чилиќ беше подобар од Бернард Томиќ, Австралија со 3:0.
 
Шпанецот ги доби првите два сета со 6-4, а Мареј следните два во тај-брејк (7-6). Сепак, во решавачкиот пети сет, Британецот немаше сили за комплетен пресврт,  па истиот го доби Баутиста за победа од 3:2 и пласман во следното коло 
 
Од носителите, првото коло не го мина 9-тиот Американецот, Џон Изнер кој во четирите сета кои завршија во тај-брејк загиби од сонародникот Рајли Опелка.
 
На женскиот дел од турнирот. Марија Шарапова (30- носителка) беше најубедлива, добивајќи го мечот против Хериет Дарт на која не и препушти ниту еден гем, односно Русинката ги доби двата сета со 6-0. 
 
Пласман во 2.коло обезбедија и: (2) Анџелик Кербер, (3) Каролине Возњацки, Американката (5) Слоун Стивенс, Петра Квитова (8), како и младата Швајцарка,  Белинда Бенчиќ.