Тенис
18. November 2015 - 0:15

Федерер го „реши„ Ноле

Роџер Федерер многу полесно од очекуваното славеше победа над Новак Ѓоковиќ во меч од завршниот АТП мастерс во Лондон.
 
Швајцарецот го доби мечот од 2.коло во 1.група, совладувајќи го Србинот со 2:0 во сетови 7:6 и 6:2.
 
Со оваа победа, Федерер се зацврсти на 1.место во групата, па за пласман во полуфиналето довол му е еден сет во дуелот со Јапонецот Нишокори кој пак вчера беше подобар од  Томаш Бердих со 2:1.