Тенис
3. July 2015 - 15:09

Федерер го „прегази“ Квери

Седумкратниот шампион на Вимблдон Роже Федерер се пласира во третото коло откако во три  сета со само 8 загубени гемови го елиминира Американецот Сем Квери. 

На Швајцарецот му беа потребни само 85 минути за победа и во следното коло ќе игра со Австралиецот Грот кој исто тако во три сета го елиминира Џејмс Дакворт. 
Во три сета славеше и Енди Мареј во дуелот со холанѓанецот Хасе. 
Кај дамите бранителот на трофејот Петра Квитова загуби само два гема од јапонката Куруми Нара и во следната рунда ќе игра против Јелена Јанковиќ која во тежок меч ја надигра Русинката Родина.