Тенис
1. November 2015 - 16:48

Федерер го доби Надал во финалето во Базел

 
Швајцарецот Роџер Федерер го победи „лутиот„ ривал Шпанецот Рафаел Надал во финалето на турнирот Базел.
 
Ова беше прв меѓусебен меч на Федерер и Надал по пауза од 21 месец, во кој Федерер до победата со  2-1 во сетови. Федерар го доби првиот сет со 6-3 , а вториот му припадна на Надал со 7:5. Во решавачкиот трет сет, Федерар направи брејк во осмиот гем и со конечни 6:4 во гемови го доби сетот.
 
За Федерар ова е 14-та победа во дуелите со Надал кој досега 10 пати се радувал во мечевите против Швајцарецот.
 
Инаку за Федерер ова беше 10-то финале во низа во Базел, вкупно 12-то на овој турнир на кој досега триумфираше седум пати.